Фудбалерот на Манчестер сити, Рајан Шерки, ќе биде надвор од терените во следните два месеци поради повреда на квадрицепсот, потврди менаџерот на „грашаните“, Пеп Гвардиола.
Шерки, во Сити, пристигна во јуни од Олимпик Лион за 30,45 милиони фунти.
22-годишникот постигна гол на своето деби во Премиер лигата во победата од 4-0 против Вулверхемптон. Французинот започна во поразот од Тотенхем во второто коло, а го пропушти вечерашниот натпревар поради повреда што ќе го одвои долго време.
Сити, во неделата претрпе уште еден пораз во Брајтон со 2:1.
Француската фудбалска федерација објави дека напаѓачот на Ливерпул, Уго Екитике, ќе го замени Шерки во националниот тим за квалификациите за Светското првенство во септември. „Триколорите“ ќе се сретнат со Украина и Исланд.
По паузата за репрезентатаивните натпревари, „граѓаните“ ќе го играат дербито на Манчестер против Јунајтед.
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN