Јаник Синер, најдобриот тенисер во светот e чекор поблиску до одбрана на трофејот на Отвореното првенство на САД. Во последното четвртфинале во машка конкуренција, Синер го декласира сонародникот Лоренцо Музети во три одиграни сета.
Синер го победи Музети со 3-0 (6:1, 6:4, 6:2) по точно два часа игра и го зголеми меѓусебниот резултат со својот сонародник на 3-0.
Италијанскиот ас ја забележа својата 26-та последователна победа на Гренд слем турнирите на тврда подлога, откако го освои претходниот Ју-ес опен и последните два Отворени првенства на Австралија, а оваа година во Њујорк, досега, има пет победи.
Ова ќе биде осмо полуфинале на Гренд слем турнирите на Синер во кариерата, а негов противник ќе биде Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим, кој го победи Алекс де Минор.
24-годишникот од Јужен Тирол го израмни и рекордот на Новак Ѓоковиќ од 26 последователни победи на Гренд слем турнирите на тврда подлога, а ист број победи имаше и Иван Лендл. Новак е и на второто место, имаше 27 победи во друга прилика, а Федерер е далеку пред сите други со дури 40.