Top Sport

Пакетa ослободен од обвиненија за обложување – ФА нема да поднесе жалба

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) нема да поднесе жалба против одлуката на независната комисија, која отфрли четири обвиненија за местење натпревари против Лукас Пакета.

По истрагата спроведена од ФА, независна комисија ги разгледа сите докази, а во средата беа објавени писмени објаснувања за отфрлање на четирите обвиненија за местење натпревари.

„Фудбалската асоцијација е посветена на зачувување на интегритетот на фудбалот и во случај на какви било сомнежи, секогаш ќе се спроведуваат целосни истраги“, се вели во соопштението на ФА.

Истрагата на ФА започна во август 2023 година, а во мај 2025 година Бразилецот беше обвинет дека намерно добивал жолти картони со намера да влијае на пазарот на обложување.

Фудбалската асоцијација (ФА) поднесе четири обвиненија поврзани со натпреварите на Вест Хем со Лестер на 12 ноември 2022 година, Астон Вила на 12 март 2023 година, Лидс на 21 мај 2023 година и Борнмут на 12 август 2023 година.

Пакета беше одбвинет и дека не соработувал со истражителите, по две точки, во врска со прекршувањето на Правилото 13 и Правилото Ф2 – тие две правила се однесуваат на обезбедување информации и документација во истрагите.

Тој ги отфрли и обвинувањата поврзани со обложување и обвинувањата дека не соработувал за време на истрагата. Независната комисија отфрли четири точки од обвинението за обложување, објаснувајќи дека нема доволно цврсти и убедливи докази, но ги потврди преостанатите две точки како основани.

„Регулаторната комисија ќе одлучи за соодветната казна што е можно поскоро“, беше кажано.

Што се однесува до отфрлените обвинувања, комисијата објави објаснувања на 314 страници во кои е земен предвид секој можен детаљ и за кои општиот заклучок беше дека Пакета се однесувал во согласност со ситуацијата на теренот во сите споменати ситуации.

Исто така, беше истакнато дека за време на истрагата, ФА не успеала да пронајде ниту еден податок во телефонот на играчот што споменува обложување или нешто поврзано со натпревари означени како спорни.

Стручњаците за истрагата откриле повеќе од 300 пораки што биле избришани, ниту една од нив не била поврзана со обложување.

Фудбалската асоцијација ја прифати одлуката на регулаторната комисија и нема да поднесе жалба против неа.

Foto/ EPA

Scroll to Top