Top Sport

Мајорка го суспендира капитенот – Се пожалил што не играл против Реал

Мајорка го суспендираше Дани Родригез и му ја одзеде капитенската лента по дуелот со Реал Мадрид и целата сага што се одвиваше на социјалните мрежи.

Дани Родригез се пожали на Инстаграм затоа што не добил шанса да влезе во игра на гостувањето против Реал во Мадрид. Неговото семејство беше на трибините, а тој сакаше да биде виден на теренот на „Сантијаго Бернабеу“.

Мајорка објави соопштение во кое се наведува дека Родригез е суспендиран на неодредено време без плата и му е одземена капитенската лента. По натпреварот, Родригез објави фотографија од своето семејство на Инстаграм со коментар дека патувал во Мадрид со семејството и дека неговите деца се разочарани што тој не играл:

„Важна лекција и совет за нив: Никогаш не очекувајте ништо од другите, особено во денешно време на просечност кога нема почитување на напорната работа. Не очекувајте ништо за возврат. Правете сè сами и со страст“, напиша Родригез, кој исто така достави отворено писмо до медиумите.

Во писмото, тој наведува дека ја почитува одлуката на тренерот да не влезе во игра, но дека бил потресен затоа што неговите деца не може да разберат зошто нивниот татко не играл.

„Она што не можам да го прифатам е недостатокот на почитување на обврските и посветеноста.“

„Боли кога играч кој штотуку пристигнал, кој одработил еден тренинг, добива можност да игра пред оние кои се таму со години, кои ги бранат овие бои и кои се потат и покажуваат посветеност и секогаш го ставаат клубот на прво место, пред сè“, се вели во писмото.

Оваа забелешка се однесуваше на Јан Вирџилио, за кого Родригез рече дека се надева дека „ќе биде успешен и дека тимот може да му помогне“.

Foto/ EPA

Scroll to Top