Аргентина, актуелниот светски шампион, ќе одигра историски натпревар против Венецуела во квалификациите за Светското првенство во ноќта од четврток кон петок, по македонско време.
На „Монументал“ во Буенос Аирес, Лионел Меси ќе игра за Аргентина за последен пат на домашна почва. Неговиот 193-ти натпревар за Аргентина ќе биде и последен во Аргентина, за која постигна 112 гола, освои две јужноамерикански титули и една светска титула во последните четири години.
Меси има 38 години, а бидејќи Аргентина веќе го обезбеди својот настап на Светското првенство следната година, обидот да ја одбрани титулата ќе биде неговиот последен танц во националниот тим, а вечервашниот натпревар ќе биде последен за репрезентацијата во Аргентина. Затоа земјата го дочекува вечервашниот натпревар со тага.
На прес конференцијата селекторот Лионел Скалони доби прашање дали играњето со Лионел Скалони дали играњето со Меси за репрезентацијата, а подоцна и неговото тренирање е најдобрата работа во неговиот живот.
Скалони одговори емотивно, што можете да го видите од 2:20: „Да го делите теренот со него, да му ја додавате топката, сето тоа со него беше неверојатно. Возбудливо е да се освои Светското првенство со Лео. Она што ќе се случи утре ќе биде возбудливо. И ако навистина е неговиот последен натпревар дома, ќе се погрижиме да игра уште еден натпревар во нашата земја. И мора да уживате во тоа, како што секогаш велам.“
Потоа друг новинар почна да поставува прашање, но Скалони го прекина покажувајќи кон новинарот кој го постави претходното прашање и велејќи: „Тој плаче!“ После тоа продолжи: „Тоа не беше моја намера…“
Новинарот одговори во солзи: „Ми ја пруживте најголемата радост во мојот живот…“ Потоа Скалони исто така почна да плаче. Еден новинар кој сакаше да постави прашање го праша селекторот дали треба да почека. Скалони одговори: „Не, не, слободно. Ова беше предизвикано од тоа што видов колку го направив среќен.“