Top Sport

Германија со поразот во Словачка постави неколку негативни рекорди

Германија загуби од Словачка со 2:0 во Братислава во првото коло од квалификациите за Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико. Ова беше трет последователен пораз на германската репрезентација откако, претходно во јуни загуби од Португалија (1:2) во полуфиналето на Лигата на нации, а потоа и од Франција (0:2) во натпреварот за третото место.

Стрелци за победата беа Давид Ханцко во 42-та минута и Давид Стрелец во 55-та минута.

Тимот на селекторот Јулијан Нагелсман, на овој натпревар постигна серија негативни остварувања.

– Прв пораз на Германија во првиот квалификациски натпревар за Светското првенство,

– Прв пораз на Германија на гости во квалификациите за Светско првенство по 41 победа и десет нерешени резултати,

– Прекината е серијата од 42 последователни квалификациски натпревари за Светското првенство во кои Германија постигна гол. Последниот квалификациски натпревар за Светско првенство во кој „панцерите“ не постигна гол беше против Финска во октомври 2001 година, кога натпреварот заврши 0:0.

– Ова е само втор пат Германија да изгуби квалификациски натпревар за Светско првенство со повеќе од еден гол разлика. Последниот пат тоа се случи во 2001 година, кога Англија ја победи со 5:1.

Foto/ EPA

Scroll to Top