Top Sport

(Видео) Емотивниот Меси во голем стил се збогува со аргентинската публика

Лионел Меси се збогуваше со аргентинската публика во националниот дрес со триумф.

Еден од најдобрите играчи на сите времиња го одигра својот последен натпревар пред домашна публика за „Гаучосите“ и се потруди да остави впечаток.

На „Монументал“ во Буенос Аирес, Аргентина рутински ја победи Венецуела со 3:0, а малиот волшебник постигна два гола.

Меси покажа и емотивна нота, бидејќи се расплака за време на пеењето на аргентинската химна.

Бразил, исто така, победи против Чиле со 3:0.

Првиот гол го постигна младиот напаѓач на Челзи, Естевао во првото полувреме, а Пакета и Бруно Гимареш постигнаа голови во вториот дел.

Аргентина и Бразил веќе обезбедија пласман на Светското првенство.

Foto/ EPA/ADAN GONZALEZ

Scroll to Top