Top Sport

Играч на Милан од 15 милиони евра на позајмица во Динамо Загреб

Најтрофејниот хрватски клуб, Динамо Загреб, на спектакуларен начин го заврши преодниот рок. Трансфер периодот во Хрватска заврши синоќа на полноќ, а Динамо објави дека во клуботќе пристигне Исмаел Бенасер.

„Модрите“ останаа без титулата минатата сезона, поради тоа решија да направат силен тим. Динамо го обезбеди потписот на поранешниот фудбалер на Милан, Исмаел Бенасер.

Алжирскиот репрезентативец доаѓа на „Максимир“ на позајмица со опција за откуп. Бенасер не беше во плановите на Милан за оваа сезона, а голем подвиг за Динамо е што успеаја да го потпишат и покрај тоа што нема да играат во Лигата на шампионите оваа сезона.

Исто така, од „Максимир“ беше потврдено дека е постигнат договор и дека Бенасер кога ќе ги помине лекарски прегледи ќе потпише за клубот:

„Со големо задоволство објавуваме дека алжирскиот репрезентативец и играч од средниот ред на Милан, Исмаел Бенасер, ќе го засили ГНК Динамо! Динамо и Милан постигнаа договор за едногодишна позајмица со опција за откуп на договорот. Бенасер доаѓа во Загреб, каде што ќе помине лекарски прегледи пред официјалното потпишување на договорот“, се наведува во соопштението од Динамо.

Бенасер во 2019 година за 16 милиони евра од Емполи се пресели во Милан. Одигра 137 натпревари за Милан, а во 2022 година го освои Скудетото со „росонерите“. Претходната сезона ја помина на позајмица во Марсеј. Неговата моментална пазарна вредност се проценува на околу 15 милиони евра.

Фото/ Принтскрин

Scroll to Top