Фудбалскиот клуб Фенербахче и легендарниот Зинедин Зидан преговараат за соработка откако Жозе Мурињо ја напушти клупата на турскиот гигант по отказот што му беше врачен.
Некои турски медиуми пишуваат дека Зидан и челниците на Фенербахче веќе постигнале договор францускиот ас да го преземе тимот, кој, да потсетиме, не успеа да се квалификува во Лигата на шампионите под водство на Мурињо.
Зидан е без работа откако го напушти Реал во 2021 година. Со „кралскиот клуб“ ги освои сите можни трофеи (три Лиги на шампиони), по што направи долга пауза од работата, но јасно е дека е подготвен да се врати на големата сцена.
Фенербахче, според сите извештаи, ќе биде неговиот следен клуб.
Според турските медиуми, првиот „избор“ на турскиот великан бил Лучано Спалети, кој, сепак, ја одбил понудата, во игра биле и Ангелос Постекоглу и неодамнешниот селектор на Белгија, Доменико Тедеско.
На крајот, Турците „ја активираа бомбата“ и од никаде се одлучија за Зидан.
Foto/ EPA