Top Sport

АТП: Сок на деветтото место, Крајиновиќ „скокна“ 44 позиции

Американецот Сок, вчера ја освои најголемата титула во кариерата, а од денес прв пат во кариерата е меѓу топ 10 играчите во светот. Сок на најновата АТП листа напредуваше за четири позиции и е деветт играч во светот.

Сок покрај титулата во Париз обезбеди и место на завршниот Мастерс во Лондон.

Од друга страна Србинот Крајиновиќ „скока“ за 44 места и годината ќе ја заврши на 33. позиција на АТП листата.

На најновата листа мѓу Топ 10 играчите го нема Новак Ѓоковиќ кој подолго време не игра поради повреда. Ѓоковиќ по една деценија испадна од Топ 10. Србинот годината ја завршува на 12.место.

На врвот нема промени, првите двајца се Рафаел Надал, кој годината ќе ја заврши на лидерската позиција и Роџер Федерер.

Зад нив е Александар Зверев кој го има најдобриот ранкинг во кариерата, а истото важи и за Доминик Тим кој од денес е број 4 на АТП листата.

Марин чилиќ ја задржа петтата позиција, шести е Григор Димитров кој напредуваше за две места, седми е Стан Вавринка, осми Давид Гофан, Сок е деветти, а Топ 10 го затвора Шпанецот Пабло Карењо-Буста.

Scroll to Top