Со Португалија, Фернандо Сантос редеше успеси, а откако повеќе не е на португалската клупа, во последните три години беше отпуштен три пати.
Фудбалската асоцијација на Азербејџан потврди дека соработката со Фернандо Сантос е прекината.
Два нерешени резултати и девет порази – тоа е учинокот на Сантос како селектор на Азербејџан. Отказ доби по поразот од Исланд, 5:0.
Откако ја прекина соработката со ФС Португалија, Сантос го водеше Бешикташ – 16 натпревари, а полската репрезентација на само шест.
Со Португалија, Сантос беше европски шампион во 2016 година, а три години подоцна ја освои Лигата на нации.
Foto/ EPA