Фудбалерот на Ливерпул, Александар Исак, изјави дека е среќен што го засилил шампионот на Англија по долгата сага, но дека медиумите и навивачите не знаат што се се случувало.
За Швеѓанецот, сагата успешно заврши, откако го уцени клубот. Њукасл неволно, но сепак, ја послуша неговата желба да се пресели на Енфилд.
Замените пристигнаа на „Сент Џејмс Парк“, тоа се Јоан Виса од Брентфорд и фудбалерот на Штутгарт, Ник Валтемаде, а Исак беше претставен како нов член на „Црвените“ на последниот ден од преодниот рок.
По шокантниот пораз на Шведска од Косово, 25-годишникот за прв пат проговори за околностите на трансферот.
Исак одби да игра за Њукасл во предсезоната и на почетокот на новата сезона.
Напаѓачот влезе од клупата во второто полувреме од поразот на Шведска од Косово со 2-0 во квалификациите за Светското првенство во Приштина. Исак го замени играчот на Њукасл, Ентони Еланга, кон крајот на натпреварот кога Шведска губеше со два гола.
„Не се позанти сите околности, но тоа е тема за друг ден“, изјави Исак за шведските медиуми и додаде:
„Не можам да контролирам сè што е кажано или напишано. Но, среќен сум што станав играч на Ливерпул.“
За време на поразот во Приштина, Исак упати три удари, два кон голот и доби жолт картон.
Швајцарија е прва во групата, Косово е на второто, а Шведска на третата позиција.
Foto/ EPA