Top Sport

Евролигата донесе одлука, Ф4 ќе се игра во Атина

Екипите од Евролигата одлучија завршниот турнир во 2026 година да се одржи во Атина, објавуваат грчките медиуми.

Со осум гласа „за“ и три „против“, екипите во натпреварувањето одлучија полуфиналната фаза и финалето да се одржат во Атина. Главниот град на Грција беше голем фаворит, и покрај обидот на Србите да го организираат настанот во Белград.

На крајот, беше донесена одлука завршниот турнир да се одржи од 22 до 24 мај наредната година.

Ова ќе биде четвртиот Фајнал Фор што Грција ќе го организира, бидејќи во 2000 година се одржа во Солун, во 1993 година во Пиреја, а во 2007 година исто така во Атина, во ОАКА Арената.

Scroll to Top