Најдобриот словенечки кошаркар, Лука Дончиќ, даде изјава за медиумите по натпреварот против Германија, кој неговата репрезентација го загуби со 99:91. Дончиќ натпреварот го заврши со 39 поени, 10 скока и седум асистенции.
Словенија водеше во поголемиот дел од натпреварот, но не издржа, Германците направија пресврт во последниот период.
„Горд сум на Словенија. Навистина сум горд“, беше првото нешто што го кажа Дончиќ во микс-зоната на салата во Рига.
Беше прашан дали чувствувал дека судиите не го почитуваат. За потсетување, тој доби техничка грешка веднаш на почетокот, а потоа уште една лична грешка во првите три минути.
Полувремето го заврши со три, а на почетокот од третиот период ја заработи и четвртата лична грешка, што значително ја ограничи неговата продуктивност и во одбраната и во нападот.
„Не сакам да зборувам за судиите. Навистина не сакам. Но, четири фаули на почетокот на третата четвртина, нешто такво никогаш не ми се случило во животот.“
Што се ве боли?
„Не кревајте паника. Ќе имам неколку дена за одмор, па потоа започнува новата сезона“, подвлече Дончиќ.
Foto/ EPA