Кристијано Роналдо е икона на светскиот фудбал, има соборено бројни рекорди во клупскиот и репрезентативниот фудбал, но вчера доби награда која особено ќе му биде драга, бидејќи доаѓа од неговата родна Португалија. Португалската лига го прогласи Кристијано Роналдо за „најдобар играч на сите времиња“ на гала вечерата.
Во објаснувањето накратко се наведува дека „тој е неопходна фигура во спортот и идол на милиони“ (ако не и милијарди луѓе), како и „дека тој одбележа ера што остава неизбришлив белег во светскиот фудбал“.
„Познат по својата работна етика, натпреварувачки дух и решителност во клучните моменти, влијанието на Кристијано Роналдо оди многу подалеку од неговата статистика. Помеѓу индивидуалните рекорди, тимските трофеи и медиумското влијание, тој изгради наследство кое го става на пиедестал – најдобриот на сите времиња“, се додава во објаснувањето на наградата.
Поради обврските во својот клуб, капитенот на Ал Наср не можеше да биде присутен на церемонијата, на присутните им се обрати преку видео порака:
„Благодарен сум на сите мои соиграчи кои во текот на мојата кариера ми помогнаа да го освојам, за мене, овој важен трофеј. Исто така, сакам да им се заблагодарам на сите тренери и други кои ми помогнаа на ова патување да станувам сè подобар и подобар.“
Se o 𝐆𝐎𝐀𝐓 fala, nós escutamos 🐐
A mensagem 💬 de Cristiano Ronaldo após ser premiado no 𝐋𝐢𝐠𝐚 𝐏𝐨𝐫𝐭𝐮𝐠𝐚𝐥 𝐀𝐰𝐚𝐫𝐝𝐬 🏆 pic.twitter.com/gdwEQEObYD
— Liga Portugal (@ligaportugal) September 10, 2025
Роналдо е светски рекордер по број на настапи и голови за Португалија. Во Унгарија го одигра својот 223-ти натпревар и го постигна својот 141-ви гол. Од Андориња, преку Насионал, Спортинг Лисабон, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус до Ал Наср, одигра 1065 натпревари со 802 гола во клубот, освои 31 трофеј, вклучувајќи три за Португалија и над 60 индивидуални награди.
Единствено што недостасува е титулата светски шампион, а последниот обид на 40-годишниот ас ќе биде на Светското првенство во 2026 година.
Foto/ EPA