Мирослав Николиќ, долгогодишниот асистент на Александар Ѓорѓевиќ во кошаркарската репрезентација на Србија, смета дека последиците од неуспехот на националниот тим на Евробаскетот треба да ги сноси исклучиво селекторот Светислав Пешиќ.
Трофејниоттренер е шокиран од дебаклот на Србија на Европското првенство, и нема сомнеж кој е одговорен за раната елиминација на еден од најголемите фаворити.
„Ова се глупости, многу сум нервозен. Целата нација е разочарана. Селекторот Пешиќ треба да ја преземе одговорноста и да поднесе оставка, иако неговиот договор истекува на крајот од месецот. Дали има некаков морал? До кога селекторите ќе добиваат големи пари за неколку месеци работа годишно, а играчите ќе играат бесплатно? А потоа ако играчот не одговори на повико, тој не е патриот. Мајсторе, па како?“, рече Николиќ во интервју за „Данас“.
„Од професорот Александар Николиќ научив дека кога ќе победиш, победиле играчите. Кога ќе се загуби натпревар, го загубил тренерот. Тоа е поентата. Ќе видиме за година или две каде ќе оди нашата кошарка. Ќе видиме дали овие играчи повторно ќе се вратат во репрезентацијата, првенствено мислам на Јокиќ и Богдановиќ“.
Николиќ како асистент на Ѓорѓевиќ со Србија освои сребрени медали на светско и европски првенство, односно на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
Фото/ Принтскрин