Реал Мадрид се соочи со неочекуван проблем пред патот во Сан Себастијан. Чаби Алонсо нема да може да смета на услугите на Антонио Ридигер.
Како што објави Реал Мадрид во официјалното соопштение, Ридигер се пожалил на болка во квадрицепсот за време на тренингот, по што веднаш отишол на прегледи и му била дијагностицирана повреда на мускулот на левата нога.
Прегледите покажале дека повредата е сериозна. Првите прогнози се дека, во најдобар случај, паузата ќе трае 10, а можеби и повеќе од 12 недели.