Top Sport

Баер со двајца помалку на теренот го победи Ајнтрахт

Фудбалерите на Баер Леверкузен го победија Ајнтахт Франкфурт со 3:1 (2:0) во првиот натпревар од 3. коло на германската Бундеслига.

Ова беше прв натпревар на Каспер Хјулманд на клупата на „фармацевтите“ и права победа, која требаше да биде лесна, но беше доведена во прашање во второто полувреме.

Баер стекна капитална предност во првиот дел од натпреварот, со головите на Алехандро Грималдо во 10. минута, односно Патрик Шик од пенал во финишот на првиот дел.

Тие 2:0 ги преполови Узун во 52. минута, а потоа во 58. Роберт Андрих доби црвен картон, а Леверкузен се бранеше френетично до крајот.

Во 92.минута во екот на нападите на гостите од Фракфурт, Баер остана со уште еден играч помалку на теренот. Црвен картон доби и Езекиел Фернандез.

До крајот Баер постигна уште еден гол преку играчот на натпреварот
Грималдо, кој во осмата минута од судиското надополнување постигна преубав гол.

Баер ја забележа првата победа во сезоната и сега има четири бода, додека Ајнтарт го претрпе првиот пораз во сезоната и остана на шест.

Scroll to Top