Top Sport

Мареска засекоаш ги отпишал Стерлинг и Дисаси

Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, ја потврди драстичната одлука поврзана со дисциплината во тимот. Рахим Стерлинг и Аксел Дисаси повеќе не се дел од првиот тим. Италијанскиот тренер потврди дека двајцата тренираат одделно и дека за нив нема место во првиот тим.

„Тие се играчи на Челзи, но во моментов тренираат одделно од тимот и планот е да продолжат така. Не сум видел ниту еден од нив, ниту Аксел ниту Рахим. Тие тренираат во друго време и на други места. Не сум ги видел од почетокот на сезоната. Нема шанси да се вратат во тимот“, рече Мареска.

Стерлинг и Дисаси, заедно го чинеа Челзи повеќе од 100 милиони евра, а сега се целосно отпишани. Клубот плати 56 милиони евра за Стерлинг кога пристигна од Манчестер Сити во 2022 година. Тој одигра 81 натпревар, постигна 19 гола и забележа 15 асистенции, но никогаш не ги оправда очекувањата. Минатата сезона ја помина на позајмица во Арсенал.

Францускиот стопер Дисаси пристигна во 2023 година од Монако за 45 милиони евра. Требаше да ја засили одбраната, но и тој заврши надвор од теренот. Играше 61 пат за Челзи, постигна пет гола и имаше две асистенции, а минатата сезона ја помина на позајмица во Астон Вила.

Scroll to Top