Крилниот кошаркар од САД, Ентони Браун, во наредните денови треба да го засили белградски Партизан, објави специјализираниот кошаркарски портал „Спортандо“.
Браун е играч со НБА искуство. Во најсилната лига во светот има одиграно 41 натпревар за ЛА Лејкерс, Њу Орлеанс Пеликанс, Орландо Меџик и Минесота Тимбервулвс.
Во лигата влезе како 34.пик на ЛА Лејкерс, на драфтот во 2015 година.
26-годишниот играч треба да ги реши проблемите на Партизан во рекетот. Белградскиот клуб во новата сезона веќе има два порази во АБА –лигата и два во Еврокупот.