Top Sport

Дончиќ доминираше против Минесота (Видео)

Лука Дончиќ на натпреварот против Минесота најави дека пред него е голема НБА кариера. Словенецот на дебито пред домашната публика во Далас, стана најмладиот играч на Маверикс (19 години и 234 дена) кој успеал да постигна 20 или повеќе поени.

Откако во најсилната лига во светот дебитираше со десет поени, во поразот од Феникс Санс, Дончиќ во својот втор меч во НБА лигата покажа како потенцијал поседува. Тој го предводеше Далас до победата над Минесота 140:136 со 26 поени, шест скока и три асистенции.

Scroll to Top