Top Sport

(Видео) Тотенхем за 20 минути го декласира Вест Хем

Фудбалерите на Тотенхем, како гости, го победија Вест Хем во градското дерби (3:0), во четвртото коло од Премиер лигата. Вест Хем доживеа уште еден тежок поразо во пресметка со ривал од Лондон, откако претходно на домашен терен загубија и од Челзи (1:5).

Практично сè се случи во рок од 20 минути од второто полувреме, кога играчите на Тотенхем ги постигнаа сите голови, а „чеканите“ останаа со играч помалку.

Папе Сар постигна гол во 47-та минута, но работата на Тотенхем му беше олесната во 54-та по директниот црвен картон за Томас Соучек.

Следниот напад практично резултираше со гол на Лукас Бергвал во 57-та минута, а Мики ван де Вен стати точка на мечот во 64-та минута.

Тотенхем е втор на табелата со девет бода и го игра следниот натпревар против Брајтон на гости.

Вест Хем има само три бода, а во следното коло повотрно ќе пречека противник од Лондон. На Олимпискиот стадион ќе гостува Кристал Палас.

Foto/ EPA

Scroll to Top