Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси се изрезили изминатата ноќ, промаши пенал, а потоа Шарлот го победи Интер Мајами со 3:0.
Сè започна со пеналот во 32-та минута, кога Аргентинецот се реши за Паненка, хрватскиот голман Кристијан Калина остана на место, ја прочита намерата на Меси и фати „жива топка“.
No luck on the panenka.
Kristijan Kahlina stands his ground! 😳
📺 #MLSSeasonPass: https://t.co/Hk7vdrFPCI pic.twitter.com/ltzmUpAPEn
— Major League Soccer (@MLS) September 14, 2025
Следеше целосен пресврт во натпреварот, а блескаше Израелецот Идан Токломати, кој само две минути подоцна ја „казни“ грешката на Меси.
Истиот играч успеа да постигне хет-трик, бидејќи го зголеми резултатот на 2:0 во 47-та минута, а потоа на крајот од натпреварот, од пенал, ја потврди победата на Шарлот.
Интер Мајами го претрпе шестиот пораз во сезоната и сега е осми на табелата со 46 бода, додека Шарлот сега скокна на третото место со 53 бода.