Тежок инцидент се случи на натпреварот во рамките на кошаркарското првенство на Австрија помеѓу Велс и Капфенберг. Домаќинот убедливо го доби натпеварот, а еден од гостинските играчи својата немоќ ја искажа со насилство.
Кошаркарот на Велс, Ервин Зулиќ, ја заби топката во кошот, а откако тргна да се враќа назад, Дејвид Самјуелс, го удри со тупаница.
Невообичаено, никој од соиграчите на несреќниот Зулиќ не сакае да се пресмета со насилникот.
Од тимот на Капфеберг никој не му се извини на Зулиќ, но веднаш по мечот клубот соопшти дека го раскинал договорот со американскиот кошаркар.
Kapfenberg just announced that they have cut David Samuels https://t.co/dRdzQnMvuD
— Emiliano Carchia (@Carchia) October 20, 2018