Top Sport

Брутално убиена „мајката“ на женскиот фудбал во Мексико

Марбеља Ибара (46), жената која го оформи првиот женски фудбалски клуб во Мексико, била брутално убиена оваа недела. Нејзиното безживотно тело било пронајдено во Росарито, крајбрежниот град во близина на Тихуана, откако еден месец се водела за исчезната.

Таа била брутално претепана, а полицијата соопштила дека нејзиното тело било пронајдено во пластична вреќа.

Ибара, во 2014 година го основала првиот професионален женски фудбалски клуб во Мексико, Колос, а три години подоцна, таа успеала во својата борба Мексико да добие и професионална лига.

Нејзината најголема победа се случи оваа година, кога во финалето на женската лига биле присутни 50.000 гледачи, што е апсолутен рекорд во светот на женскиот фудбал.

Scroll to Top