Top Sport

Погон Шчецин потпиша со поранешен светски првак

Францускиот лев бек Бенжаман Менди, поранешен играч на Манчестер Сити, кој преживеа долгогодишна драма пред да биде ослободен од обвиненијата за силување, има нов клуб.

Менди, кариерата ќе ја продолжи во полската Екстракласа, а новиот клуб на 31-годишникот роден во близина на Париз ќе биде Погон Шчецин, како што тврди локалниот „mezcyki.pl“ и објавија бројни европски медиуми.

Станува збор за двегодишен договор, а Полјаците истакнуваат дека Французинот бил привлечен од годишна плата од повеќе од еден милион евра.

Менди ја започна својата професионална кариера во Авр, по што играше за Марсеј и Монако. Тој беше активен во синиот дел на Манчестер од 2017 до 2021 година кога започна контроверзната приказна.

Французинот не играше фудбал две години, иако официјално беше член на Сити, а по ослободителната пресуда се врати во Лига 1 каде што ги бранеше боите на Лориен, а последната сезона ја помина во Цирих.

Левиот бек беше дел од француската репрезентација која го освои Светското првенство во Русија во 2018 година, а со Сити го освои и англиското првенство во 2018, 2019 и 2021 година.

Scroll to Top