Англиските медиуми го идентификуваа човекот, навивач на Ливерпул, кој постојано го навредуваше тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне за време на исклучително квалитетниот натпревар од Лигата на шампионите на „Енфилд“.
Освен победата на „Црвените“ од 3:2 со гол на Ван Дајк во втората минута од судиското продолжение, натпреварот ќе биде запаметен и по вербалниот конфликт, помеѓу Диего Симеоне и навивач на домашниот клуб.
Инцидентот се случи веднаш по голот на Ван Дајк, споменатиот навивач веќе испрати низа навреди кон тренерот на гостите, а беше снимен и како прави непристојни гестови кон Аргентинецот, кој откако прими гол на крајот, „пукна“ и тргна по провокаторот.
Поради реакцијата на редарите и помошниците, Симеоне не ја премина „црвената линија“ и се откажа од физичкиот конфликт со навивачот, поточно, беше спречен да направи такво нешто.
Колку и да е реакцијата на Аргентинецот на прв поглед несоодветна, таа беше природна, бидејќи постојано трпеше навреди од човек кој, како што открија англиските медиуми, веќе има историја на проблематично однесување на натпреварите.
Неговото име е Џонатан Лук Полтер. Во 2015 година, на Полтер му беше забранет влез на стадиони во Англија затоа што навреди жена во инвалидска количка за време на прошталниот натпревар на легендата на Ливерпул, Стивен Џерард.
Со оглед на тоа што и овој пат беше „фатен на дело“, се очекува Ливерпул да покрене постапка против него и евентуално да го казни за ова однесување.
And guess what? Turns out Diego Simeone was right. Here's a video of the clown at Anfield who spent the whole game insulting Cholo.
Grown man 🤦♂️pic.twitter.com/4aEng0t8jQ
— Atletico Universe (@atletiuniverse) September 17, 2025