Top Sport

Само шест клуба во Европа имаат полни стадиони

Само шест клуба во Европа ги распродадоа стадионите од почетокот на сезоната на секој натпревар што го играа.

Дури четири екипи доаѓаат од Германија, која очигледно има најлојални навивачи. Еден од нив е најдобриот тим во оваа земја, Баерн Минхен, кој досега играше против Лајпциг, Хамбургер и Челзи на домашен терен. Сите натпревари Баварците ги одиграа пред 75.024 гледачи, колку што може да собере величествениот стадион на германскиот шампион.

Со фантастична посета може да се пофали и Борусија Дортмунд и покрај тоа што досега одигра само еден меч пред домашната публика. Капцитетот на стадионот во Дортмунд изнесува 81.365 седишта.

Уште два германски клуба се во оваа категорија, Хајденхајм (капацитет на стадионот 15.000 седишта) и Сент Паули (29.546 седишта).

Уште два европски клуба се протнаа во тоа друштво. Првиот е англискиот гигант Арсенал, чии „Емирати“ имаа максимален број посетители во дуелите против Лидс и Нотингем Форест, по 60.704 гледачи.

Другиот е од Холандија, НЕЦ Најмеген, чиј „Гоферстадион“ беше полн во дуелите против Екселсиор, Бреда и ПСВ, со капацитет од 12.650 седишта.

Scroll to Top