Тренерот на Наполи, Антонио Конте, не го криеше своето разочарување по поразот на неговиот тим (0:2) од Манчестер сити на „Етихад“ во првото коло од Лигата на шампионите.
Италијанскиот шампион со големи амбиции пристигна на натпреварот со „Граѓаните“, откако претходно ги забележа сите победи во Серија А, но раниот црвен картон на Џовани Ди Лоренцо ги чинеше подобар резултат во Англија.
Капитенот на Наполи доби директен црвен картон во 21-та минута, што имаше доста влијание врз текот на играта. Сити победи со головите на Ерлинг Халанд и Џереми Доку во второто полувреме.
„Чувствувам горчлив вкус во устата. Имам впечаток дека и играчите се чувствуваат така, бидејќи сите сме разочарани. Се подготвувавме за натпреварот како што сакавме да играме во првите 20 минути, а црвениот картон го уништи натпреварот. Дали беше оправдан црвен или не, не знам… Но, секако беше тешко да се игра со Манчестер и со еднаков број на играчи на теренот. По црвениот картон, беше невозможно. Да останевме со 11 играчи на теренот, немаше да им биде лесно“, рече Конте.
Очигледно, пресвртницата во натпреварот беше црвениот картон на Ди Лоренцо, кој го остави Наполи со играч помалку поголемиот дел од натпреварот. Таквиот развој на ситуацијата го принуди Конте да го замени Кевин Де Брујне од теренот за да создаде рамнотежа во тимот.
„Понекогаш ѓаволот се меша, има суров пресврт на судбината. Минатата година имавме само еден црвен картон. Денес играме во Лигата на шампионите, а по дваесет минути сме со играч помалку. Ми беше жал што го заменив Кевин немаше задоволство да игра на својот стар стадион против својот поранешен клуб.“
Foto/ EPA