Фудбалскиот клуб Бенфика, вчера официјално го претстави Жозе Мурињо како шеф на струшниот штаб. Мурињо по 25 години се врати во клубот каде што ја започна самостојната тренерска кариера.
Бенфика не сака прекин на соработката на нејзина штета со Жозе Мурињо, кога тоа ќе се случи. Клубот за да се заштити во договорот вметна посебна клаузула.
Во Бенфика беа свесни кого ангажираат на местото на Бруно Лаж, тренер кој инкасирал повеќе од 100 милиони евра во текот на својата кариера само од обештетување поради раскинување на договори со претходни клубови (читај отказ).
Затоа тие ефикасно се заштитија со посебна клаузула во договорот со познатиот тренер.
Португалските медиуми ги открија деталите од договорот меѓу клубот од Лисабон и Мурињо, во кој можеби најважната ставка е дека, по завршувањето на првата година од договорот со Мурињо, клубот ќе има десет дена да одлучи за продолжување на соработката.
Во договорот конкретно е наведен периодот од „десет дена по завршувањето на последниот натпревар од сезоната“.
Активирањето на оваа клаузула за раскинување подразбира исплата на износ кој, според договорот на двете страни, ќе биде значително помал од платата која Мурињо би требало да ја заработи во втората година од договорот. Секако во случај клубот да реши да го отпушти Португалецот.
Да ве потсетиме дека Мурињо потпиша договор за соработка со лисабонските „орли“ до крајот на сезоната 2026/2027.