Top Sport

(Видео) Тежок пораз на Џирона, Леванте им спакува четири парчиња

Фудбалерите на Леванте ја победија Џирона на гости со 4:0, во петтото коло од Ла Лига.

Сè тргна „надолу“ за Џирона од 30-та минута кога Аксел Витсел доби втор жолт картон за невнимателен прекршок, а домашните останаа со еден играч помалку.

Леванте ја имаше иницијативата и поведе на крајот од првото полувреме, кога Ета Ејонг постигна гол во 43-та минута за 1:0.

Работите на теренот за Џирона станаа катастрофални кога на почетокот на вториот дел Виктор Реис доби директен црвен картон, а домашните останаа со два играчи помалку.

Само три минути подоцна Карлос Алварез постигна гол за 2:0, Иван Ромеро постигна гол за 3:0 во 70-та минута. Во 92-та минута Годин Којалипу го постави конечниот резултат.

Леванте ја забележа својата прва победа во сезоната, тие се на 12-то место со четири бода, додека Џирона е на последното 20-то место со еден бод и со ужасна гол разлика 2:15.

Во следното коло Џирона ќе му гостува на Атлетик Билбао, додека Леванте го пречекува Реал Мадрид.

Scroll to Top