Скандал над скандалите ќе го обележи Светското првенство во атлетика во Токио. Американската штафета 4 x 400 метри за мажи заврши шеста во првата полуфинална група, 12-та во генералниот пласман и испадна од конкуренција за финалето. Сепак, Светската атлетска федерација (ИААФ) волшебно одлучи да им даде нова шанса на олимписките и светските шампиони.
Беше одлучено дека во недела наутро, Американците ќе се натпреваруваат за место во финалето со Кенија, која го освои четвртото место во таа група, и дека во финалето, наместо осум ќе трчаа девет штафети.
Сè станува уште покомплицирано ако се знае дека Кинезите беа пред Американците, а тие не се споменуваат никаде во пресрет на финалето.
Сè започна со тоа што Американците речиси се судрија со штафетата на Замбија во втората измена, каде штоатлетичарот од Замбија не беше воопшто виновен. Сепак, по трката беше одлучено да се дисквалификува Замбија. Тоа не ја промени многу позицијата на Американците сè додека не беше објавена неверојатната одлука на Светската атлетска федерација.
Не е јасно според кои критериуми им е дозволено на Американците да добијат уште една шанса, во трка во која јасно ќе ја победат Кенија. Кина, која беше само една стотинка зад Кенија, никој не ја есапи. Во комбинација не е ниту Јапонија, која во втората група имаше подобро време од Америка за повеќе од една секунда.
Срамна одлука, која е спротивна на сите правила на спортот и атлетиката. Враќањето во игра на штафетата што беше 12-та во генералниот пласман на патеката е недозволиво и не може да се најде никакво оправдување за таа одлука.
Сега повторно ќе се полемизира дека за Американците важат поинакви правила, од оние што се применуваат за сите останати.
Фото/ Принтскрин