Top Sport

(Видео) Пелегрини го реши „Дерби дела Капитале“

Фудбалерите на Рома го победија Лацио со 1:0 во дербито на Рим.

Натпреварот, во матине терминот, не беше сепктакуларен, раа на срце и не се очекуваше дека ќе биде. Една шанса го реши победникот, онаа што Лоренцо Пелегрини ја претвори во гол.

Рома ја имаше иницијативата на теренот, но Лацио имаше поконкретни шанси во првиот половина час од играта. Во 29-та минута, Закањи го тестираше Свилар со одличен удар под пречката, голманот на Рома реагираше брилијантно.

Само 60 секунди подоцна, Ромањоли исто така се обиде со глава, неговиот удар заврши над голот. Кога Лацио не ги искористи своите можности, Рома го стори тоа.

Се играше 38-та минута кога Суле одлично му асиситираше на Пелегрини, кој го совлада Проведел. Номиналниот гостин на овој натпревар можеше да го зголеми водството, но во третата минута од судиското продолжение Проведел направи бравура кога го одбрани ударот на Ренш.

Булаје Диа ќе сонува за шанса од 54-та минута. Напаѓачот на Лацио можеше да израмни за својот тим, но промаши од пет метри. „Сините“ имаа и шанса преку Кастељанос во 76-та минута, резултатот остана ист.

На крајот, тензија и директен црвен картон за Белајан. Од тој момент, Лацио ја загуби секоја шанса да освои барем бод, а Рома ја забележа третата победа со минимален резултат оваа сезона.

Фото/ Принтскрин

Scroll to Top