Top Sport

(Видео) „Бункерот“ на Гвардиола не издржа, Мартинели во 93-та минута му донесе бод на Арсенал

Фудбалерите на Арсенал и Манчестер сити ремизираа 1:1 (0:1) во дербито на 5-то коло од англиската Премиер лига.

Над сите очекувања, во Лондон беа видени „само“ два гола, а првиот падна во рана фаза, во 9-та минута. Ерлинг Халанд го започна и заврши одличниот контранапад на „Граѓаните“.

Тоа беше шестиот гол на Норвежанецот во пет одиграни натпревари во Премиер лигата и продолжение на феноменалната серија оваа сезона.

Сити играше добро, неговите играчи не испаѓаа, не грешеа, па може да се каже дека Гвардиола беше на пат кон победа со тактиката „ала Жозе Мурињо и Чоло Симеоне“.

„Топџиите“, беа најблиску до изедначување во судиското продолжение од првото полувреме кога Нони Мадуеке шутираше во поблискиот агол, но Донарума годбрани.

Арсенал започна многу офанзивно во продолжението, но не направи ништо значајно освен опасните шутеви на Мартин Зубименди и Еберечи Езе.

Сити водеше се до третата минута од судиското продолжение. Тогаш прв пат испадна одбраната на Сити, а Габриел Мартинели го фати Донарума на „ничија земја“ и маестрално го лобуваше од 14 метри за конечни 1:1 и екстаза на „Емирати“.

На ремито најмногу се радуват во Ливерпул. „Црвените“ се лидери со максимални 15 поени, а големите конкуренти Арсенал и Сити имаат 10 односно седум поени.

Фото/ Принтскрин

Scroll to Top