Top Sport

Мајами без најдобриот стрелец ќе ја започне новата сезона

Ѕвездата на Мајами Хит, Тајлер Хиро, го оперираше левото стапало во петокот и нема да игра на почетокот на новата НБА сезона.

Извори за „ESPN“, изјавија дека се очекува Хиро да отсуствува осум недели, што значи дека веројатно ќе ги пропушти првите 12 натпревари од регуларната сезона.

Хиро се мачеше со повреди на левото стапало минатата сезона, а потоа за време на тренинг сезоната претрпе посериозна повреда на глуждот што доведе до одлуката да се подложи на операција, изјавија извори за „ESPN“.

Мајами ќе мора да ја започне сезоната без својот водечки стрелец, кој минатата година имаше просек од 23,9 поени, 5,5 асистенции и 5,2 скока по натпревар.

Минатата сезона, Хит беа брзо поразени со 4-0 од Кливленд Кавалирс, па се засилија во текот на летото со Норман Пауел и Италијанецот Симоне Фонтекио.

Scroll to Top