На свечена церемонија во Париз, на која по 69-ти пат ќе биде доделена Златната топка, наградата „Лав Јашин“ за најдобар голман во светот му беше доделена на Џанлуиџи Донарума.
Италијанскиот голман исто како и неговиот поранешен тренер Луис Енрике, минатата сезона со Пари Сен Жермен ги освои Лигата на шампионите, Лига 1, Суперкупот и Купот на Франција.
Ова лето, тој се пресели во Манчестер Сити за 40.000.000 евра, бидејќи влегуваше во последната година од договорот со ПСЖ, а не сакаше да го продолжи.
Инаку, Донарума, втор пат е прогласен за најдобар голман. Првата награда „Јашин“, Италијанецот ја доби во 2021 година кога со Италија стана европски првак.
Foto/ EPA