Top Sport

(Видео) Дембеле во солзи: Да ми кажеше некој…

Усман Дембеле е најдобриот фудбалер во светот за 2025 година, а откако го крена престижниот трофеј, не можеше да ги задржи солзите.

Французинот, кој ги освои сите домашни трофеи и Лигата на шампионите со Пари Сен Жермен, не можеше да поверува што му се случи.

„Неверојатно и извонредно е ова што ми се случи“, рече Дембеле откако ја прими Златната топка од легендарниот Роналдињо.

„Сезоната со ПСЖ беше неверојатна. Малку сум нервозен… Да го земам овој трофеј и да го примам од рацете на Роналдињо – нереално. Благодарам на ПСЖ што ме донесе во 2023 година, благодарам на тимот, клубот што е како семејство, претседателот, целиот персонал – и секако Луис Енрике, кој ми е како татко.“

Тој исто така се потсети како му одеше кариерата пред да дојде во ПСЖ, кога многумина го отпишаа.

„Во добри и лоши моменти, овој тим беше покрај мене. Оваа награда е индивидуална, но сите ја носиме заедно како тим. Благодарност и до Борусија Дортмунд, Рено и секако, во Барселона ги исполнив моите соништа – играв покрај Меси и Иниеста. Тоа беше живптна школа.“

Тој им се заблагодари на своите соиграчи, тренерот Луис Енрике и селекторот Дидие Дешан.

Сепак, најмногу се расплака кога зборуваше за своето семејство, неговата мајка и неговиот најдобар пријател, со кои минуваше низ тешки времиња.

„Благодарност до моето семејство, особено до мајка ми – таа беше со мене во сите тешки моменти. Благодарност до мојот агент кој секогаш веруваше во мене. Ако некој ми кажеше дека еден ден ќе ја освојам Златната топка… Благодарност и до мојот најдобар пријател со кого поминав низ сè во последните пет години. Тој секогаш беше тука – и ќе биде до крајот“, заклучи Дембеле.

Фото/ Принтскрин

Scroll to Top