Таткото на фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал (18), Мунир Насрауи, не го криеше своето разочарување откако неговиот син заврши втор на гласањето за Златната топка, која му припадна на Усман Дембеле. Тој го изрази своето незадоволство во неколку наврати по церемонијата на доделување на наградата, пишува „Марка“.
Веднаш по објавувањето на победникот, Насрауи, минувајќи низ зоната со шпанските новинари, кратко рече: „Следната година е наша“. Иако во тој момент изгледаше релативно смирен, беше јасно дека не се согласува со исходот од гласањето.
Сепак, како што одминуваше вечерта, неговото незадоволство растеше, а кулминираше со видео повикот до „Ел Чирингито“.
„Мислам дека е најголемата… Нема да кажам кражба, туку морална штета нанесена на човечко суштество“, остро го започна својот говор.
Тој продолжи страсно да го брани својот син, тврдејќи дека тој е оној што ја заслужил престижната награда.
„Мислам дека Ламин Јамал е најдобриот играч во светот со голема разлика, со огромна разлика. Не затоа што ми е син, туку затоа што е најдобриот играч во светот, мислам дека нема конкуренција“, рече тој.
За крај, тој се со посомнева за регуларноста на изборот.
„Ламин е Ламин Јамал, мора да кажеме дека тука се случило нешто многу чудно“, рече тој, пред да го повтори своето ветување од почетокот на вечерта: „Следната година, Златната топка ќе биде шпанска“.
Настрана од ова незадоволство и непоткрепени обвинувања, „Лекип“ објави дека Усман Дембеле надмоѓно ја победил кокуренцјата во гласањето за Златната топка.
Пласман во изборот за Златна топка:
1. Усман Дембеле (Франција, ПСЖ)
2. Ламине Јамал (Шпанија, Барселона)
3. Витиња (Португалија, ПСЖ)
4. Салах (Египет, Ливерпул)
5. Рафиња (Бразил, Барселона)
6. Ашраф Хакими (Мароко, ПСЖ)
7. Килијан Мбапе (Франција, Реал Мадрид)
8. Кол Палмер (Англија, Челзи)
9. Џанлуиџи Донарума (Италија, ПСЖ, сега Манчестер Сити)
10. Нуно Мендеш (Португалија, ПСЖ)
Фото/ Принтскрин