Хари Кејн би можел да го напушти тимот на Баерн следното лето, а доколку некој тим го сака, цената е позната.
Англискиот напаѓач продолжи да ги тресе мрежите на почетокот од новата сезона во дресот на Баерн. Барселона е заинтересирана да го доведе наместо Роберт Левандовски, доколку договорот со Ерлинг Холанд не се реализира.
„Билд“ ја открива и цената за Кејн по која Баерн мора да го пушти. Станува збор за клаузула што ја има на крајот од оваа сезона, а која е 57 милиони фунти.
Баерн нема намера да го пушти Кејн. Во Минхен се повеќе од задоволни од неговите настапи и го гледаат во клубот во наредните сезони, и покрај неговата возраст.
Тој ја започна оваа сезона во Бундеслигата на неверојатен начин. Постигна дури осум гола во првите четири натпревари и повторно го покажа квалитетот што го поседува.
Договорот на Кејн истекува на крајот од сезоната 2026/27.
Foto/ EPA