УЕФА покрена постапка против тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, еден од членовите на неговиот стручен штаб и фдбалскиот клуб Ливерпул.
Минатата среда, Атлетико во Ливерпул успеа да се врати по минусот од два гола, но не издржа, Ван Дајк во 92-та минута им ја донесе победата на „црвените“.
Навивачите, жестокот славеа, а оние што беа блиску до клупата на Атлетико Мадрид го навредуваа Симеоне и неговиот тренерски штаб.
Симеоне веднаш реагираше и влезе со жестока вербална расправија (обезбедувањето го спречи да не влезе на трибината), а потоа реагираше и на судијата Маурицио Маријани.
Имено, тој му покажа директен црвен картон на Аргентинецот, а човек од тренерскиот штаб беше обвинет дека плукнал навивач на Ливерпул.
Се очекува тренерот на Атлетико Мадрид да добие суспензија од еден натпревар по сè што се случи, и нема да биде на клупата за својот тим на натпреварот против Ајнтрахт.
Не само што Симеоне беше обвинет, туку истото беше направено и со Ливерпул, а станува збор за фактот дека беа обвинети затоа што нивните навивачи фрлаа разни предмети на теренот.
Она што јасно можете да го видите на видеото е дека тренер од тренерскиот штаб плукнал навивач на Ливерпул. На почетокот не се знаеше за кого станува збор, но сега е откриено дека станува збор за нутриционистот Дејвид Лагос.
УЕФА ќе се занимава конкретно со Лагос, но откако ќе ги разгледа сите докази, ќе биде донесена одлуката каква казна ќе добие.
Фото/ Принтскрин