Англискиот фудбалер Нони Мадуеке (23) ќе биде надвор од терените најмалку два месеци поради повреда на коленото здобиена на натпреварот против Манчестер сити (1:1).
Повредата на Мадуеке е уште еден тежок удар за тренерот на тимот, Микел Артета, бидејќи од претходно не може да смета на Каи Хаверц, Мартин Одегард и Габриел Жесус.
Пред две недели, Мадуеке беше стрелец на вториот гол на натпреварот во убедливата победа на Англија од 5:0 над Србија во Белград.
Англија има отворен пат до директен пласман на Светското првенство, бидејќи има пет победи од пет натпревари и максимални 15 бода.