Роберто Мартинез, селекторот на Португалија, бил ограбен минатата сабота, објавија локалните медиуми.
Имено, крадци го скршиле прозорецот и влегле низ кујната, а украле часовници и накит во вредност од над милион евра.
Според истиот извор, никој не е повреден, а инцидентот се случил на периферијата на Лисабон, каде што живее Мартинез. За среќа, тој не бил дома во тоа време, а сè го открил чистачот.
Мартинез се подготвува за претстојните квалификациски натпревари, каде што Португалија ќе се соочи со Република Ирска и Унгарија.
Мартинез ја презеде функцијата селектор на Португалија во јануари 2023 година.
Foto/ EPA