Рафаел Леао е еден нјдобрите трансфери на Милан во последните пет години. Крилниот напаѓач гостувајќи во еден подкаст откри дека пред да потпише договор со Милан, Интер бил сериозно заинтересиран за него.
Кога португалскиот офанзивен играч го носеше дресот на Лил, Интер беше првиот што затропа на вратата, во летото 2019 година.
Леао не бил расположен за трансфер на „Џузепе Маца“, иако францускиот клуб се залагаше тој трансфер да се случи. Неколку недели подоцна, решил да ја прифати понудата на Милан.
„Спортскиот директор ми рече дека ќе ме продаде на Интер. Реков не, сакам да останам уште една година за да се подобрам и зацврстам мојата позиција. Тој инсистираше: зборуваше за пари, за можности. Но, јас не се предомислив. По неколку недели, тој ми одговори: „Милан е тука“. Веднаш реков да. Два дена подоцна, ми кажа дека има конкретна понуда и дека некој сака да ми се јави. Тоа беше Паоло Малдини, на видео. Ми рече: „Мора да дојдеш, ние сме подготвени да те примиме“. Не можев да одбијам“, рече Леао, додавајќи:
„Како дете, ги гледав Роналдињо, Роналдо, Кака, Сидорф: тие беа историја. Седум титули во Лигата на шампионите, втори веднаш зад Реал Мадрид. Помеѓу Милан и Интер, би го избрал Милан сто пати.“
Foto/ EPA