Фудбалскиот клуб Џенова соопшти дека претседателот Енрико Прециози ја одбил понудата на Наполи, за напаѓачот Кшиштов Пјатек.
Првиот човек на Наполи, Еурелио Де Лаурентис за полскиот репрезентативец понудил сума од 35 милиони евра и се согласил тој да остане во Џенова до крајот на сезоната.
Меѓутоа неговиот колега Прециози без размислување ја одбил понудата сметајќи дека клубот ќе заработи повеќе од продажбата на Пјатек.
Пјатек оваа сезона го привлече вниманието со одличните партии во дресот на Џенова. Според шпекулациите интерес за него покажале Реал, Атлетико, Баерн, Барселона и Рома.
Џенова за Пјатек на Краковија и плати сума од пет милиони евра, а сега е јасно дека од неговата продажба ќе заработи најмалку десет пати повеќе пари.