Вечерва започна новата сезона во Лига Европа. Регионалните великани Динамо Загреб и Црвена звезда играа дома. „Модрите“ го победија Фенербахче со 3:1, а црвено-белите играа 1:1 со Селтик.
Динамо до троимфот над вицепрвакот на Турција дојде со головите Дион Дрено Беља во 21-та и 51-та минута и Монсеф Бакрар во 95-та минута, додека единствениот гол за Турците го постигна Себастијан Шимански.
Црвена звезда против Селтик имаше подобри шанси, осбено во првото полувреме, но гостите од Глазгов во 56-та минута ја шокираа „Маракан“ со голот на Ихеначо. Девет минути подоцна изедначи Марко Арнаутовиќ.
Резултати:
Митјиланд – Штурм Грац 2:0 (1:0)
/ Кристенсен 7 а.г. , Диао 89/
ПАОК – Макаби Тел Авив 0:0
Бетис – Нотингем Форест 2:2
/Бакамбу 15, Антони 85- Игор Жезус 18, 23/
Брага – Феенорд 1:0 (0:0)
/Наваро 79/
Фрајбург – Базел 2:0 (1:0)
/Остерхаге 31, Егештајн 57/
Малме – Лудогорец 1:2 (0:2)
/Јонсен 78 – Станиќ 8 пен., Биле 23/
Ница – Рома 1:2 (0:0)
/Мофи 77пен – Ндика 52, Манчини 55/