Фудбалерите на Атлетико Мадрид го победија Рајо Ваљекано 3:2 во шестото коло од Ла Лига.
Апсолутен херој на Атлетико беше Хулијан Алварез, кој го постигна првиот хет-трик во дреост на „органџиите“. Голот за победа во 88-та минта беше спектакуларен, со што го поништи торпедото на Пеп Чаварија во финишот на првото полувреме.
Атлетико надмоќно влезе во натпреварот со градскиот ривал, Алварез го отвори резултатото во 15-та минута. Аргентинецот потоа промаши зицер за 2:0, а казната стигна во 44-та минута.
Левиот бек на Рајо, Пеп Чаварија, постигна еден од најубавите голови оваа есен не само во Шпанија туку во светот. Од 30 метри испрати торпедо кон голотнна Облак, топката заврши во горниот десен агол.
И во вториот дел, Атлетико играше подобро, се обидуваа играчите на Чоло Симеоне да ја вратат предноста, а откако Нико Гонзалес и Џулијано Симеоне (два пати) промашија чисит зицери, казната дојде преку капитенот на Рајо, Гарсија, кој во 78-та минута избегна офсјад и го совлада Облак.
Две минути подцона Алварез го врати резултатото во егал, а истиот играч во 88-та минута постигна евро-гол со удар од 25 метри. До крајот, Рајо не напраби ништо во нападот, а Атлетико промаши уште една чиста шанса, повторно трагичар беше Симеоне.
Атлетико ја забележа втората сезонска победа, го освои деветтиот бод и во добро расположение го чека градското дерби со Реал во сабота.