Спектакуларната фудбалска кариера, Златан Ибрахимовиќ, би можел да ја заврши во најславниот светски клуб, Реал Мадрид. Оваа сензационална информација утрово ја објавија шпанските медиуми.
Ибрахимовиќ, во јануари оваа година, од Манчестер јунајтед се пресели во ЛА Галакси. Тој со тимот од Лос Анџелес поптиша едно годишен договор.
Според шпанските медиуми, Реал има намера да го донесе поранешниот шведски репрезентативец откако ќе му истече договорот со ЛА Галакси. Ибрахимовиќ би требелод а ги реши проблемите со хроничната не ефикасност на тимот.
Во саботата, Реал го постигна првиот гол по цели осум часа и една минути, што претставува најдолг голгетерски пост во клупската историја. Иронијата да биде поголема тој не го постигна напаѓач, туку левиот бек Марсело.
Од друга страна 37-годишниот Ибрахимовиќ блеска во САД, иако МСЛ лигата не може да се спореди со шпанската Ла Лига. На 25 натпревари за Галакси тој има пстигнато исто толку голови.
Ибрахимовиќ вече има настапувано во Шпанија. Во сезоната 2009/2010 за Барселона постигна 22 гола на 46 натпревари.