Top Sport

Тутоспорт: Марсело побарал трансфер во Јувентус

Фудбалерот на Јувентус, Марсело, побарал од раководството да му дозволат трансфер во Јувентус, каде што лето се пресели неговиот голем пријател Кристијано Роналдо, објави „Тутоспорт“.

Медиумите шпекулираа дека Марсело и летово сакал да се пресели во Јувнтус, но Реал не му дозволи.

Јувентус веќе ја затворил финансиската конструкција околу евентуалниот трансфер на Марсело. Парите би ги обезбедил со продажбата на Алекс Сандро во ПСЖ или во некоја екипа од Премиер лигата.

Се претпоставува дека цената на Марсело изнесува помеѓу 50 и 60 милиони евра.

Бразилецот е играч на Реал од 2007 година кога на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна од Флуминенсе.

Scroll to Top