Top Sport

Силекс против шампионот Шкендија ќе се обиде да ја прекине лошата серија

Двата порази по ред екипата на Силекс ќе се обиде да ги прекине на дуел против Шкендија во Тетово. Кратовскиот прволигаш загуби од Башкими на гости и од Струга ТЛ дома, а серијата на тешки натпревари продолжува и денеска со гостување во Тетово, кај актуелниот првак.

Силекс, сепак, е оптимист дека против Шкендија може да дојде до прекин на оваа мини серија на лоши резултати во Првата лига.

„Ни претстои тежок меч против шампионот. Имаме мала резултатска криза, но се надевам дека таа серија на непоразени ќе си одиме од гостувањето во Тетово. Треба само да веруваме во нашите квалитети. Ги анализиравме грешките од претходните натпревари, и мислам дека со максимална посветеност ќе излеземе од оваа резултатска криза“, вели Дарко Анѓелески, капитенот на екипата на Силекс.

Тој изјави оти верува дека Силекс може да се врати непоразен од ова тешко гостување.

„Сигурно дека ова гостување е едно од најтешките во сезоната, но сметам дека ако сме вистински од првата минута, можеме да дојдеме до позитивен резултат“, заврши Анѓелески.

 

Scroll to Top