Ден по поразот од Атлетико, Реал Мадрид се соочува со нов проблем. Капитенот Дани Карвахал е повреден и ќе мора да паузира околу еден месец.
Карвахал ја заработи повредата токму на дуелот против Атлетико, а Реал денес објави дека ќе мора да направи сериозна пауза.
Според проценките, периодот на опоравување ќе трае околу четири недели, што значи дека Чаби Алонсо ќе биде без десен бек во текот на целиот октомври. Од порано се знае дека Трент Александер-Арнолд ќе биде надвор до втората половина на ноември, па десната страна повторно ќе мора да ја покрие Федерико Валверде.
Уругваецот речиси сигурно ќе биде прв избор на десната страна во мечевите против Каират и Вилјареал пред репрезентативната пауза, а потоа и против Хетафе, Јувентус и Барселона во втората половина на октомври.